ВМРО ДПМНЕ: Административката мајка претходно водела ,,успешни“ бизниси

,,Продолжуваме со честитките кон власта за успешниот придонес кон европеизацијата на општинските администрации преку вработувања на семејствата и блиските на видни партиски членови, онака како што тоа за власта не е непотизам, туку квалификации“-реагираат денеска од опозициската партија, зборувајќи повторно за мајката на пратеникот на СДСМ, Костадин Костадинов.

,,Пред да биде вработена во струмичката администрација, без помош од пратеник на владејачката партија, административката мајка со сесрдна помош на семејството успешно водела семејни бизниси, кои речиси сите се избришани заради – стечај.

Во својот курикулум, доколку и е побаран и поднесен при аплицирањето по огласот на струмичката администрација, веројатно се запишани и семејните компании, па така во општината се запознаени со одговорите на прашањата:

Дали новата административка е запишана Сопственичката и управителска улога во ФАНИ – ЕКСТРА  ДООЕЛ увоз – извоз Струмица, фирма регистрирана за трговија со пијалоци, основана била во 2002 година, а е изгасната со бришење од трговски регистар на 26.09.2013 година? Избришана од Регистар, а останува прашањето зошто и поради кои причини?

Дали Фанче Костадинова, новата административка вработена без врски во струмичката администрација како дел од зафатот за европеизација и модернизација на администрацијата, се јавува и како косопственик со своите деца на ДОО ФАНИ ЛОГИСТИК Струмица, трговија на големо со пијалоци? Фирма за која е поведена стечајна постапка на 27.01.2017 година од Министерство за финансии – Управа за јавни приходи Скопје, а субјектот е уште во постапка на бришење?

Познато е дека стечајна постапка се поведува како последица на ненамирување на обврските спрема добавувачите, значи купување стока, а за неа не плаќале, до период додека не се презадожиле и не можеле редовно да се сервисираат долговите.

Дали можеби во администрацијата имале сознанија за ДЕЛИКАТЕС ФАНИ ДООЕЛ Струмица, регистрирана на од страна на сопругот и татко на пратеникот Костадинов? Дали и зад бришењето од судски регистар по решение за стечајна постапка и за оваа фирма, стои ситуација во која не се намирувани обврски и фирмата е доведена во неликвидна и несолвентна состојба кон доверителите?

Во оваа насока очекуваме следниот пат кога партискиот портпарол на СДСМ ќе одржи прес пред Централното седиште на опозицијата, да донесе и благо, да почести за личниот успех во акцијата „Партизација на администрацијата од хигиеничар до министер“-изјави портпаролот Стоилковски.