ВМРО ДПМНЕ бара Заев да си поднесе оставка

,,Аболицираниот Зоран Заев мора да си поднесе неотповиклива оставка. Аболицираниот криминалец Зоран Заев мора да одговара за криминалот што го има направено.

Зоран Заев ги излажа своите сопартијци и целата јавност дека ќе си даде оставка доколку загуби на изборите одржани на 11-ти декември.

Веднаш потоа Зоран Заев го излажа судот дека имал средба со италијанскиот амбасадор Карло Ромео само за да ја избегне правдата и за да одложи уште едно рочиште. Зоран Заев го понижи и судот и судијата и покажа дека за него не важат маледонските закони. Затоа Зоран Заев мора да си замине.

Тоа е најмалку што може да направи политичар кој ја држи СДСМ како заложник на својата кариера, политичарот кој две ипол години ја тормози Македонија со својата деструктивна политика.

Зоран Заев треба да си поднесе оставка поради лагите кои во серија ги кажува, поради криминалите во кои е до гуша заглавен, поради рушењето на угледот на државата, но како што гледаме во последните денови и поради валкањето на угледот на амбасадите кои ги злоупотребува за да ги избегнува судските рочишта,,- рече на прес конференција Орце Георгиевски од ВМРО ДПМНЕ..