ВМРО ДПМНЕ бара лидерска средба(видео)

Пратеници од ВМРО-ДПМНЕ бараат лидерска средба за излез на земјата од политичката криза. Крсто Мукоски, пратеник, од говорница побара да се седне и да се разговара, затоа што во спротивно, како што рече , ќе се случуваат сериозни инциденти и изјави како онаа на градоначалникот на Дебар.

Вака не можеме ништо да постигнеме, мора да се разговара и да се најде компромис, рече Мукоски.

Од СДСМ сметаат дека нема потреба од седнување на заедничка маса.

Зошто и со кого би разговарале на тие лидерски средби- возврати портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов. На лидерските средби во Пржино беа догворени парламентарните избори кои никој не ги оспорува, рече Шилегов.