Пи-Ар стратегијата или пропагандната машинерија и во опозиција се труди да ја наметне ВМРО ДПМНЕ како одлучувачки фактор, како партија која работи 24/7, која се грижи за се и сешто…Но , всушност соопштенијата и прес конференциите главно немаат суштински информации, податоци или поенти, туку партиската пропагандна машинерија настојува да се наметне преку повторување на исти соопштенија кои се читаат на прес конференции или пак се постираат на официјалната интернет страница на партијата.
Преку новите лица на партијата, се обидуваат да го изградат и новиот лик на ВМРО ДПМНЕ, којшто го најави неприкосновениот лидер Никола Груевски. Имено, тој пред неколку месеци најави смени и хоризонтално и вертикално, што главно се случи, но притоа одби да даде простор да се дискутира за неговата одговорност.
Напротив, новите ликови кои секојдневно послушно ги читаат текстовите произведени во Центарот за комуникации, главно го бранат тесното раководство од СЈО и судовите, неуверливо претставувајќи ни го Груевски како некој на кого му се одмаздуваат заради неговата љубов и саможртва кон и за Македонија, се разбира притоа негирајќи ги и игнорирајќи ги сериозните обвиненија за злоупотреба на службената должност и тешки криминали со коишто е оштетена државата.
Видлива е и тенденцијата да се критикува Владата на СДСМ практично за истите работи за кои беше обвинувана Владата на ВМРО ДПМНЕ, а тоа е задолжување на државата, отсуство на демократија, режимско владеење, партизација на администрацијата, притисок врз медиумите и судството.
Денеска, освен Ванчо Костадинсовски, кој е старото лице на ВМРО ДПМНЕ, новото лице претставено преку Павлинче Честојониова, Соња Гелова Стојанова, Дарко Костовски,Орце Ѓеоргиевски,Јован Јаулевски…одржа дури 6 прес конференции, објавија 5 изјави на пратеници на ВМРО ДПМНЕ и едно соопштение. До крајот на денот тоа може да биде многу повеќе. И секој ден така.
Оваа динамика секако може да биде и контрапродуктивна, затоа што во голема мера нема што да се издвои како информација,туку станива збор за гола партиска пропаганда, а исто така невозможно е некој медиум, да отстапи толкав простор за партиски активизам само на една политичка партија.
Посебна приказна е обидот да се презентираат соопштенијата преку соодветна драматизација, како што е читањето на т.н ,,идиот“, машина која ја користат презентерите на вести. Настојувајќи да го пронајдат текстот, шетајќи со очите од лево надесно и обратно, очигледно е дека партиските презентери имаат проблем со уверливоста на прочитаното, а сето тоа е проследено со грч и трема кај поголемиот број од нив.
19.07.2017

Лицемерниот и понижувачки однос на СДС кон земјоделците продолжува

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Ванчо Костадиновски
19.07.2017

Автопатот Демир Капија – Смоквица е стопиран поради неспособноста и незаинтересираноста на Сугарески и Заев

 Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Павлинче Честојнова
19.07.2017

Досега Владата на СДС само по основ на аукции за ДХВ се задолжи 70-тина милиони евра

Интегрален текст од изјава за медиуми на Соња Гелова Стојанова
19.07.2017

СДС скрати цели 213 милиони денари наменети за универзитетите и факултетите низ државата

Интегрален текст од изјава за медиуми на Јован Јаулески, член на ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ
19.07.2017

Сите отворени случаи од СЈО се со намера да се врши притисок врз ВМРО-ДПМНЕ

Интегрален текст од изјава за медиуми на Дарко Костовски
19.07.2017

Судот вчера потклекна на притисоците на СДС и СЈО

Интегрален текст од изјава за медиуми на Орце Ѓорѓиевски
АКО.мк