ВМРО ДПМНЕ ветува 10,2 проценти зголемување на пензиите

 

Влатко Ѓорчев , носител на листа во ИЕ 5 оствари средби со пензионерите во Гостивар и вети зголемување на пензиите.

Оваа категорија граѓани, како што рече , се во приоритетите на владата на ВМРО ДПМНЕ.

,,Така беше и претходно и во тој правец презедовме многу чекори. Просекот на зголемувањето на пензиите достигна 70 проценти, а најниските и над 90 проценти. Ова го нагласуваме заради фактот дека во времето на ниту една влада со која раководел СДСМ немало покачувања на пензиите, напротив дури и ги намалија за 8 проценти. Сега сакам да најавам и дополнително зголемување за следниот мандат за 10,2,,- рече Ѓорчев на прес-конференцијата пред штабот на ВМРО-ДПМНЕ во Гостивар и потсети дека исплатите на пензиите се одвиваат редовно, што не било пример кога СДСМ биле на власт.

Тој потенцираше дека во програмите на партијата биле предвидени и реализирани мерки насочени кон подобар живот на пензионерите, како што се бањската рекрација, која ќе продолжи и зголемен опфат за бесплатен јавен превоз.

Ќе продолжиме со стимулирање и поттикнуавње на отворањето старски домови, а при тоа ќе се посвети и поголемо внимание околу набавката на медицинска опрема, туѓа нега и низа други програми, додаде Ѓорчев.

Тој потсети и дека владата на ВМРО-ДПМНЕ изминативе години инвестираше во изградба на спортски сали, субвенции за земјоделците, асфалтирање патишта што не било случај кога СДСМ ја имале власта.