ВМРО ДПМНЕ ги охрабрува новинарите и медиумите да не потпаѓаат под притисоците на СДСМ

,,СДСМ е партијата која најбрутално ги прогласуваше медиумите кои не им се под контрола за најголеми политички непријатели.

Сипматизери на СДСМ директно им се закануваа и физички ги напаѓаа новинарите чии ставови не им беа по нивни вкус и ги демолираа просториите на Радио Слободна Македонија и неделникот Република, а протестираа пред приватна телевизија директно вршејќи притисок врз нивната уредувачка политика.

Во неколку наврати токму на прес конференциите на СДСМ на новинари им скандираа и ги навредуваа сите кои се обидуваа да поставуват прашања кои не се нарачани од прес центарот на СДСМ.

За уредник во МТВ ја предложија Санта Аргирова, поранешен шеф на кабинет на министер за надворешни работи од СДСМ.

Само пред неколку дена министерот без ресор Самка Ибраимовски се закани со тужба за клевета против медиум кој реобјавуваше стара сторија објавена токму во весникот Дневник.

ВМРО-ДПМНЕ ги охрабрува медиумите и новинарите чесно и професионално да ја вршат својата работа и да не потпаѓаат под притисоците, заканите и лицемерието на СДСМ“-се вели во одговорот на ВМРО ДПМНЕ по обвинувањата на СДСМ дека тие се виновни за пропаѓањето на Дневник.