ВМРО ДПМНЕ го мобилизира членството за протести

По бројните повици на социјалните мрежи и обид за кревање на моралот кај членството на ВМРО ДПМНЕ, се огласи и Антонио Милошоски на својот ФБ профил. Тој ги повика поддржувачите да бидат подготвени:

Милошоски вели, кога ВМРО ќе повика на собир, тоа нема да бидат 500 лајка на ФБ, туку 50.000 народ. Оваа негова објава на ФБ доби 843 лајка.

Вчера и Никола Груевски на средбата со британскиот министер за Европа и Америка рекол дека Македонците се фрустрирани, а евентуално новото мнозинство кое нема да се базира на принципот победник со победник, ќе предизвика тензии и протести.

 

АКО.мк