Во денешното соопштение од ВМРО ДПМНЕ посветено на Сорос и Институт отворено општество, партијата го поздрави влегувањето на државните инспекциски служби во Институт отворено општство.

,,Сега е целосно јасно зошто наследничката на Милчин ја фаќа паника дека после 24 години, институциите конечно си ја вршат својата функција и како и во секое друго правно лице вршат инспекциски надзор.” – се вели во соопштението на ВМРО ДПМНЕ коментирајќи ги последните настапи на Извршната директорка Фани Каранфилова Пановска за медиумите.

,,СДСМ и Сорос се лице и опачина на истата паричка.
СДСМ и Сорос се заедничкиот именител на актуелната криза и сите деструктивни и ретроградни политики во земјава.
СДСМ/Сорос ги уништија невладиниот сектор и независната мисла.
Со последниот јавен настап, наследничката на соработникот на службите Владимир Милчин, докажа дека Сорос целосно го поддржувал и прикривал Заев во криминалното владеење со општина Струмица.
Наследничката на лустрираниот кодош Милчин, ја прогласи Струмица за најуспешна општина заштитувајќи го Заев за криминалот и украдените 8 милиони евра во случајот Глобал.
Со нејзиниот настап Сорос застана зад работењето на аболицираниот Заев кок од бизнисмените изнудува по едно евро од квадрат за Вицето. Сорос застана зад дивоградбите на Цареви кули и зад принципот тендерите во општина Струмица да се делат само на милионерите од кланот Заеви.
Сега е целосно јасно зошто наследничката на Милчин ја фаќа паника дека после 24 години, институциите конечно си ја вршат својата функција и како и во секое друго правно лице вршат инспекциски надзор.
Народот на 11 декември гласаше против деструктивната политика на СДСМ/Сорос. Народот гласаше против платеничката револуција, против насилството врз полицијата, против вандализмот, палењето и уништувањето на државни и ституции и спомен обележја. Народот гласаше против СДСМ/Сорос и испрати порака дека е време за десороизација,,-се вели во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.