ВМРО ДПМНЕ го чека крајниот рок за листите

ВМРО ДПМНЕ уште не ги објавува листите со кандидати за пратеници, иако извори од партијата велат дека нема да има изненадување во кадровската понуда, особено не во носителите на листите.

Извесно е дека листите ќе ги предводат стари кадри познати од минатите циклуси на избори како Никола Груевски, Никола Тодоров, Антонио Милошоски, Влатко Ѓорчев, а се очекува да се најде меѓу кандидатите и Диме Спасов кој се досега не одговараше за стоерниот сообраќаен прекршок ниту фактички, ниту како морална одговорност.

Инаку, вечерва на полноќ истекува рокот за доставување на кандидатските листи. Поголем дел од партиите и коалициите веќе ги објавија своите фаворити, освен ВМРО-ДПМНЕ.