ВМРО ДПМНЕ демантира дека Груевски има владин телефон

Веста дека Владата го плаќа телефонот на претседателот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски е целосна измислица. Груевски нема телефон кој го плаќа владата. Ниту пак од Малта имал разговори за такви високи сметки-реагираат од оваа партија.

Лагите и лажните вести станаа синоним за СДСМ. Пратеникот Павле Богоевски со лажно претставување како невладин активист влезе во Собранието, а сега преку пласирање на невистини се обидува да му се додвори на неговиот лидер Зоран Заев-стои во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.