ВМРО ДПМНЕ предизборно донира пари на поплавените

3.080 денари, партиска донација добија семејствата кои беа поплавени пред два месеца. Парите со назнака ВМРО/донација на сметките легнале на 5-ти октомври.

Членови на ВМРО ДПМНЕ, кои ни ги покажаа сметките со донација се разочарани, другите се изненадени. Велат, за партија со такво богатство и велелепно седиште, ова е срамота.

Директорот на Центар за комуникации на ВМРО ДПМНЕ Иво Котевски за Актуелно ја потврди информацијата дека уплатиле парична донација за поплавените, но потенцира дека пари добиле сите што имале штета. Не можеше да каже за колку точно луѓе и пари се работи.

Пред неколку дена владата започна со исплата за обештетување, но жителите од селата погодени со поплавите чии куќи целосно се уништени, велат дека не се задоволни од сумата.

Ласте Митковски од село Стајковци вели дека добил само 2000 евра за отштета, иако само промената на покривот го чинела 4000 евра.

,,Застудува,куќите се се уште мокри, и не можам да го користам приземјето затоа што е целосно уништено. Треба малтер, кошулица за патосите, кречење, врати, прозорци, мебелот ни е целосно уништен “- вели за Актуелно Митковски. Негова проценка е дека за сите работи за да се доведе куќата во првобитна состојба му се потребни од 8-10 илјади евра.Парите што ги добил вели не се ниту 10 проценти од целосната штета.

Тој е разочаран, затоа што откако камерите си заминале, никој не дошол да ги посети. На прашањето дали добиле донации во пари од друга партија,вели не, но додава дека кога го посетил Зоран Заев, лично од него, како прва помош, му дал 200 евра.

Вообичаено, освен државата кога исплатува отштета, другите донации се во средства за хигиена, храна или градежен материјал.

Делови во близина на обиколницата сега се затрупани од отпадот оставен од уништените куќи и дворови. Никој не доаѓа да го подигне.

%d0%be%d1%82%d0%bf%d0%b0%d0%b4 %d0%be%d1%82%d0%bf%d0%b0%d0%b42 %d0%be%d1%82%d0%bf%d0%b0%d0%b43

Пред точно два месеца се случи една од најголемите трагедии од природна катастрофа во Скопје по земјотресот. Но, овде со причина човечки фактор, заради соголени ридови и неисчистени канали. Експерти за сообраќај уште кога се градеше обиколницата предупредуваа дека не се изведува стручно и дека може да се случи токму ова.

obikolnica %d0%be%d0%b1

Досега никој ниту презеде одговорност, ниту одговараше. Загинаа 17 луѓе,а беа уништени стотици куќи и имоти на жителите на Стајковци, Арачиново, Сингелиќ и делови од Ченто.

Редакција Актуелно