ВМРО ДПМНЕ иницира референдуми за мигранти на 15 октомври заради победа на локалните избори

Под изговор дека ќе биде економично, советите на општините каде мнозинството е од ВМРО ДПМНЕ, изгласаа одржување на референдум, на кои граѓаните покрај за локалните , на 15 октомври ќе гласаат и против или за населување на мигранти во нивните градови.

Овие небулозни референдуми на кои ќе се гласа за непостоечко прашање, мигрантско доселување и наводно изградба на станови за доселениците, ги иницира раководството на ВМРО ДПМНЕ, кое очигледно сака да мотивира и да привлече поголем број гласачи да излезат на локалните избори. ВМРО ДПМНЕ го користи проблемот на мигрантите, убедувајќи граѓани дека актуелната Влада има стратегија да гради станови низ Македонија и да населува мигранти од арапскиот свет и од Африка.

Министерката Царовска ова целосно го негираше, но опозицијата ги игнорира фактите на Владата.

Референдуми досега се изгласани во Битола, Прилеп, Кавадарци и Гази Баба и тие ќе се одржат на 15 октомври, заедно со локалните избори.

Советот на општина Куманово, каде мнозинството е од СДСМ, ја отфрли оваа иницијатива.