ВМРО ДПМНЕ и СДСМ меѓусебно се обвинуваат за растот на заразени од Ковид 19

,,Од почетокот на коронакризата во земјата, од ВМРО-ДПМНЕ не видовме ништо друго освен неконструктивно делување, опструкции и критики, но сега со одолговлекување на донесувањето на измените на Законот за заштита на населението од заразни болести, а со тоа и новите мерки за превенција од понатамошното ширење на коронавирусот, опозицијата го покажа и своето нехумано лице и за дневно-политички поени, на коцка го става здравјето на сите граѓани.

Во време кога имаме нов бран на коронавирусот, кога се полнат болниците и расте бројот на заразени, ВМРО-ДПМНЕ како и секогаш одмага, или нема став или е спротивен на интересите на државата и на граѓаните.

Нивното барање за формирање на специјална Комисија е уште едно во низата деструктивни дејствувања на опозициската партија. Комисијата за заразни болести е составена од стручни, докажани професионалци во здравството и нема никаква потреба од формирање нова, паралелна комисија.

ВМРО-ДПМНЕ едноставно не знае што прави, за 24 часа, три пати го смени ставот, со вакво ВМРО-ДПМНЕ не може да се постигне договор за ништо.

Коронавирусот нема да застане и да чека ВМРО-ДПМНЕ да игра политички игри и да го доведува во опасност јавното здравје, мерките мора да се донесат во најкус можен рок.

Се работи за здравјето на сите граѓани“-велт во СДСМ.

ВМРО ДПМНЕ пак сметаат дека СДСМ е виновен за корона кризата.

,,Власта и Комисијата за заштита од заразни болести немаат никаков кредибилитет и не можат да се справат со корона кризата. Секој четврти тестиран во Македонија е болен од КОВИД.

Вчерашната бројка од 641 новозаболени е доказ дека ништо од тоа што власта направи нема ефект. Секок ден е нов пик.
Комисијата за заштита од заразни болести потфрли и од првично најавуваните 2.000 заболени за цела пандемија, сега имаме 2.000 за само една недела.
Власта предлага несуштински мерки за борба против пандемиката, уште од самиот старт во март пристапот е погрешен и политикантски.
Комисијата за заштита од заразни болести е главниот виновник за високиот број на заразени и починати. Комисијата наместо стручност демострираше политика.
Токму затоа е потребно формирање на Специјална комисија која ќе биде составена од професионалци, експерти во своите области кои здравјето и интересот на граѓаните ќе ги стават пред лично партиските интереси на партијата на власт.
СДСМ нема капацитет да биде во функција на граѓаните и овој пат одлучи да партизира се до крај.
Потребен е систематски пристап кој ќе резултира за подобрена општа здравствена состојба и силна економија“- се вели во соопштението на оваа партија.