Опозициската политичка борба со власта е главно сконцентрирана на состојбата со Ковид 19 и начинот на кој се справува власта со неа.

Но, за многумина нивната политичка кампања е морбидна, неприлагодена на вонредните услови на живот и делување, за некои и некрофилска.

ВМРО ДПМНЕ пак смета дека е добра и продолжува со истото темпо.

Денеска исфрлија и спот со бројот на заразени и починати од Ковид 19.

https://fb.watch/1YIbWTE7xW/

,,Едноставно е, Заев и Филипче наместо демагогија, доволно е да обезбедат кревети за пациентите и доволно кислород за болните. Нека не објаснуваат приказни, реалноста е сосема друга од таа што ја објавуваат во притиснатите медиуми, а и бројките се поразителни. Македонија е земја со најголем број на починати, со мал број на тестирани.Епилогот е огромен број на починати. Видеото објаснува се“-вели Мицкоски.