ВМРО ДПМНЕ: НАТО е успех на ВМРО ДПМНЕ, Заев го свитка ‘рбетот на македонскиот народ

ВМРО-ДПМНЕ го поздравува потпишувањето на пристапниот протокол за НАТО за Република Македонија и смета дека ова претходно го одрабитал авладата предводена од Никола Груеввски.,,. Ова е важен ден за Република Македонија и денес се завршува една неправда нанесена на државата од пред повеќе од 10 години. Влезот на Република Македонија во НАТО е долго очекуван и заслужен уште од 2008-тата година. Република Македонија уште на самитот во Букурешт ги имаше исполнето сите реформи и услови за полноправно членство, но за жал тогаш беше спречена да стане членка само поради противењето на Република Грција и нејзиниот проблем со нашето уставно име и идентитет, кои сега на штета на граѓаните и државата на непринципиелен начин беа сменети по нивна мера.

Мораме да признаеме дека секој успех за Република Македонија и секој чекор напред за државата и граѓаните е причина за поздравување на истиот. НАТО е наша стратешка определба на ВМРО-ДПМНЕ и процесот за исполнување на условите е во голема мера заслуга на Владата на ВМРО-ДПМНЕ изминатите години која континуирано инвестираше во армијата и нејзините капацитети, преку многубројните учества во мисии и тоа не може да го негира никој.

На штета на граѓаните, останува чувство на горчина и понижување длабоко кај сите нас, од една болна причина што власта не се ни обиде да најде подобро решение на проблемот со името кое ќе биде балансирано и кое нема да ги погази сите македонски црвени линии, како што е случајот сега, односно решение кое нема да биде безусловно прифаќање на сите грчки уцени на недостоинствен и понижувачки начин за Република Македонија и граѓаните.

Зоран Заев и владата тргуваа со идентитетот, јазикот и традицијата, нешта кои ни се оставени од претходните генерации и кои се темел на државниот и националниот карактер на Република Македонија.

Зоран Заев и оваа ненародна и насилна власт се тие кои ја свиткаа кичмата на македонскиот народ и тоа ќе остане длабоко запечатено во колективната историја на македонскиот народ“-изјави портпаролот на оваа партија.

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, го поздравува чинот, но смета дека до него е дојдено на недостоен начин:

,,Претседателот Иванов го поздравува потпишувањето на пристапниот Протокол за членство на земјата во НАТО.

Македонскиот претседател смета дека, за жал, останува фактот дека на денешното потпишување на Протоколот му претходеше склучување на договор за промена на уставното име на Република Македонија, кој им нанесе трајна штета на македонските национални интереси.

Триесеттото место во НАТО Алијансата за Република Македонија беше заслужено, имајќи предвид дека одамна се исполнети стандардите во одбраната и воената подготвеност на Армијата на Република Македонија, како резултат во кој придонес имаат сите Влади на Република Македонија“-смета Иванов.