,,ЗНМ функционира како нејзин претседател се уште да е директорот на Центарот за комуникации на СДСМ Роберт Поповски.

ЗНМ ја користи потполно истата реторика и истите лажни обвинувања како и СДСМ/Сорос.

Со застанувањето во одбрана на Сорос, ЗНМ докажа дека не е новинарско здружение кое се грижи за новинарите, туку за нарачателите и манипулаторите од СДСМ/Сорос,, реагира денеска ВМРО ДПМНЕ и највуава дека еден од процесите кои мора да ги спроведе и да оди Македонија напред е десороизацијата, а според оваа партија и ЗНМ  е дел од соросовите инсталации.

,,Сега е јасно зошто ЗНМ молчеше и се криеше замижувајќи пред нападите врз новинарите на Сител, МТВ, Курир, Република, додека хулиганските орди на СДСМ/Сорос физички ги напаѓаа и им се закануваа на новинарите дека цревата ќе им ги влечеле по улици.

Сега е јасно зошто ЗНМ се криеше и молчеше кога СДСМ/Сорос се обидуваа да воведат цензура во медиумите,,-се вели во ова соопштение.

Здружението на новинари на Македонија, вчера-15.01., реагираше со збирно соопштение за последните случувања.  Го осудува напливот на координирано вербално насилство на власта против новинари, кои се насочени против слободата на медиумите и правото на јавноста да се информира.

Според ЗНМ ваквите напади имаат  цел да ги заплашат и замолчат новинарите и да ја задушат критиката во медиумите. Со тоа власта сака да ја спречи јавноста да се информира за важни случувања во земјата.

Обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ против Фондацијата отворено општество Македонија, за наводно корумпирање на новинарите, е чиста замена на тези на досегашната власт, која нема храброст да се соочи со сопствената одговорност за масовната злоупотреба за медиумите за политички цели.

Изјавите на директорот на Архивот на Македонија, Филип Петровски за расчистување со медиумите на Сорос, е еклатантен пример на повикувањена јавен линч против неистомислениците на власта. Исто така, потсетувањето на овој контекст на контроверзни личности од историјата, извршители на атентати, претставува акт на повикување на насилство против новинарите. Таквите практики немаат врска со вредностите на слободните и демократски земји, туку се реликти од тоталитарните режими, кои имаат предизвикано големи страдања на човештвото.

Ги повикуваме претставниците на власта да престанат со навредите и повиците за насилство против новинари и ги потсетуваме дека заради тоа ќе сносат одговорност за евентуалните последици-велат од ЗНМ. Ако има примери на непроферсионално однесување ги повикуваме да се бара од медиумите исправка или демант, а во случај да бидат игнорирани да се обратат на професионалните организации  одговорни за саморегулација во медиумите.

ЗНМ ги повика сите новинари да ги проверат нивните информации од различни извори и да не ги користат медиумите за пресметка со неистомислениците.

АКО.мк