ВМРО ДПМНЕ не ја гледа загаденоста во Скопје

Додека карциномот тивко ги убива Кумановчани, СДСМ нема никаков план и не презема мерки за загадувањето-е најновото соопштение од политичката партија ВМРО ДПМНЕ  која се уште е на власт преку нивните функционери во централната и локалната власт. Освен во Куманово, Струмица, Центар и Ранковце , сите други градови имаат градоначалници од оваа партија,се разбира тука не се вбројуваат градовите каде градоначалници се Албанци.

Ситуацијата во Куманово е алармантна. Изминатата ноќ, градот беше најзагаден во цела Европа-пишува во соопштението оваа партија.

,,ПМ 10 честичките изминатата ноќ достигнаа дури 1.000 милиграми на метар кубен. Загаденоста е 10 пати повеќе од дозволената. Ситуацијата е сериозна.

Благодарение на СДСМ, кои повеќе од 27 години владеат со Куманово, градот секојдневно умира од тивка еколошка катастрофа од загаденост и водење негрижа за градот. Жално.

Како последица на рекордното загадување, со години во Куманово во пораст е бројот на лица со малигни заболувања. Во пораст се и другите заболувања кои се резултат на негрижата на локалните власти.

Додека карциномот тивко ги убива кумановчани, СДСМ нема никаков план и не презема мерки за загадувањето. Тие се одговорни што свесно ги оставаат кумановчани секојдневно да се гушат.

Ни трага ни глас од најавената гасификација на градот од страна на СДСМ. Единствено гледаме рушење рекорди со цената на гасот во Струмица, каде што Заев го набавува под сомнителни околности и суми.

Ги нема никаде ниту професионалните платеници од еколошките НВО на СДСМ и Сорос, кои што се активираат само по нарачка. Тие со својот лицемерен однос криејќи се, избегнуваат да преземат било што во врска со заштитата на здравјето на кумановчани,,-стои во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.

Навистина зачудува политичкото слепило на оваа партија, која искажува ,,грижа,, само за жителите на Куманово, но не и на Скопје , кои секој ден се изложени буквално на труење. Потоа на Велес, Битола, Кочани , па ете и на Куманово , но во вистинска смисла на зборот.

Порталот АКО.мк вчера (13.01.2017) ги објави податоците од мерењата во земјата.Тие беа вакви:

Битола и битолчани се задушуваат

Последните мерења на квалитеот на воздухот, во 20 часот(13.01.2017) во сите градови во Македонија каде постојат мерни станици покажуваат неверојатно високи проценти на загаденост.

Во Битола на мерната станица Битола2 се измерени неверојатни 995 ПМ честички на метар кубен воздух. На сите други мерни станици бројачите покажуваат од 500 па нагоре ПМ честички. Центар, Карпош,Лисиче, Гази Баба, Ректорат, Куманово се во континуитет најзагадени.

Ниските температури заради кои се зголемува потрошувачката на огревно дрво, топланите работат речиси 24 часа, но и зголемената потрошувачка на гориво во автомобилите на вакви температури , го направија воздухот неподнослив за дишење.

Властите не преземаат никакви мерки, а амбулантите се полнат со луѓе болни од грип и со проблеми на дишните патишта.

Никогаш од оваа партија не изреагирале за овие показатели, кои не се само еден, туку секој ден во годината.Па, затоа прашање до Центарот за комуникации на ВМРО ДПМНЕ-каде живеете вие, каков воздух дишат вашите деца, дали политичкиот противник и омразата кон него ви се поважни од вашите семејства. Колку ви се вжни граѓаните не пшрашуваме. И – Какви мерки ќе преземат вашите градоначалници за да не умираме тивко од загадувањето? Сите – не само тие во Куманово!

АКО.мк