ВМРО ДПМНЕ : Ние сме победници и ќе формираме Влада

ВМРО ДПМНЕ со куса реакција за денешното прегласување во Теарце:

-Денеска, и ние како и целата јавност дознавме, дека и покрај сите напори, Теарчани го спречиле обидот за постизборен инжинеринг. Им честитаме за тоа. Како победници на изборите, остануваме посветени на идните чекори околу формирање нова Влада, велат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека остануваме на ставовите искажани во изјавата од 11-ти декември кога беа сумирани изборните резултати.