ВМРО ДПМНЕ: Ноторна лага е изјавата на Бејта

,,ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ не постигнаа договор за идно коалицирање бидејќи за нас е целосно неприфатлив принципот на уцени и формирање на Влада по цена на уривање на највисоките национални и државни интереси. Ноторна лага е изјавата на Невзат Бејта дека ВМРО-ДПМНЕ предложило промена на униформите на полицајците Албанци.

Со ваквата изјава, Невзат Бејта ја презема улогата на портпарол на аболицираниот криминалец Зоран Заев и се обидува да му направи простор за реализирање на Тиранската Платформа. Бејта со изјавата потврдува дека ДУИ и СДСМ се согласиле околу Тиранската Платформа и имаат сериозна намера да ги реализираат елементите во неа.

Тоа нема да помине. Стотици илјади граѓани секојдневно го изразуваат својот гнев од сервилниот однос на криминалецот Заев.

Народот е на нозе! Македонија се буди!

Тиранската Платформа не поминува!“-соопштение на ВМРО ДПМНЕ