ВМРО ДПМНЕ обвинува за 24 партиски кадри на СДСМ вработени во Македонска навигација

 Македонската Неофицијална Агенција за Вработување, М-НАВ, ја нарече опозициската ВМРО ДПМНЕ, Македонска навигација, агенција задолжена за безбедноста во авиосообраќајот.

Оваа партија тврди дека само во оваа 2018 година Македонската навигација се подновила со 24 нови партиски  кадри, меѓу кои има роднини на министерот за земјоделство, а таму е и партнерот на Заев, Стојанче Ангелов.

,,Состојбата во М-НАВ е толку алармантна и очигледна што комисиите за вработување дојавувале во медиумите за притисоците кои што морале да ги трпат и да се оправдуваат зошто не се примени лица кои што не исполнувале услови, па потоа на повторни огласи истите лица  морале да добијат вработување“-вели партискиот портпарол.

 

,,На листата на нововработени синови, ќерки, браќа, сестри и внуци во М-НАВ, каде што платите се неколкукратно повисоки од просечната, се и син на директор на социјалните фондови, сестра на вицепремиер, внуци на директор на телекомуникациски оператор и на партиски-коалициски партнер, син на пратеничка итн“-соопшти ВМРО ДПМНЕ.

Оваа партија бара М-НАВ веднаш да ги соопшти имињата на новите вработени од оваа година и да ги каже критериумите според кои тие се примени. Дали освен нив имало други пријавени на конкурсите кои немале квалификации како избраните? Воедно ги повикуваат надлежните институции да отворат истрага по наводите за непотизам и можната корупција при овие вработувања во М-НАВ.