ВМРО ДПМНЕ очекува на 30 септември мнозинството граѓани да гласаат против или да бојкотираат

 

,,Волјата е јасна, е забележителна, значаен дел од граѓаните се против договорот, најголем дел одлучуваат да остануваат дома и тоа е она што го очекуваме во недела“-изјави Александар Николовски од ВМРО ДПМНЕ.

,,Она што го забележуваме о дтеренските активности е дека остануваат неколку впечатоци. Прво дека власта реши да дискутира за се освен за содржината на договорот. Второ дека бегаат од детална дебата за содржината на договорот, затоа што знаат дека немаат аргументи и дека нити е зачувано името на државата, нити е зачуван македонскиот национален идентитет. А, од друга страна немаме никакви гаранции за понатамошна интеграција на Македонија во НАТО и ЕУ.

Следната работа која што е факт е дека одбегнуваат да ги прикажат на јавноста уставните амандмани иако тие се суштината и срцето на договорот“-рече Николовски.