ВМРО ДПМНЕ повикува на протест заради продолжувањето на притворот на Едмонд Темелко

По одлуката за продолжување на притворот на Едмонд Темелко и одлуката на судот за определување  нов 30 дневен притвор, ВМРО-ДПМНЕ вечерва повикува на протестен собир , во 19 часот пред Владата на Република Македонија.

Едмонд Темелко е со нарушено здравје и според многумина продолжувањето на притворот може да биде фатално по неговиот живот. За ВМРО-ДПМНЕ одлуката за притвор е резултат на политички притисоци и нема никаква основа за продолжување на притворот кој преминува во казна наместо мерка за обезбедување на осомничениот.

ВМРО-ДПМНЕ ги повикува своите членови, како и сите граѓани и граѓански организации да ја изразат својата поддршка за Едмонд Темелко вечер во 19 часот на собир кој ќе започне пред Владата, од каде луѓето ќе се упатат пред судот-објави Курир.