ВМРО ДПМНЕ преку директорите врши притисок врз учениците утре да излезат на протест

СДСМ денеска реагираше заради информации со кои располагаат, а се однесуваат на злоупотреба на директорските функции во училиштата од кадар на ВМРО ДПМНЕ, кои вршат притисок ученици утре да излезат на протест во време кога ќе престојува во Скопје Јоханес Хан.

,,Се обраќаме до директорите, професорите и наставниците, бидејки загрижени родители јавуваат дека има наредба во училиштата, нивните деца утре да се изнесат на националистичките протести на коишто се шири меѓуетничка омраза:

Веднаш да престанат притисоците и злоупотребите на деца за партиски цели! Ќе има сериозна одговорност за секој кој ќе прекине настава за да носи деца на протести, со што ја загрозува и нивната безбедност и безбедноста на граѓаните!

Директорите на средните училишта кои добиле наредба од раководството на ВМРО-ДПМНЕ утре да ја прекинат наставата и да ги носат децата на партиските протести, должни се, да се спротивстават!“-рече Шилегов.

,,Груевски ги повлекува директорите на училиштата и наставниот кадар да кршат закон и ги вовлекува во кривични дела! Апелираме, професорите и наставниците да не влегуваат во хистеријата што ја наметнува Груевски, во којашто инволвира и деца! Советите на родители и наставници да не стојат настрана од потезите на инструираните директори, туку да преземат мерки за заштита на учениците!

Повикуваме сите граѓани да останат мирни. Да не влегуваат во сценаријата на Груевски за уништување и распад на Македонија„-изјави Шилегов.