ВМРО ДПМНЕ продолжува да се расправа со ЕУ и САД и не отстапува од нови избори

Очигледно ВМРО ДПМНЕ најавува нов период во нивното делување, потези кои повеќе доликуваат на опозициска партија, отколку на партија која има намера да формира Влада. Тие не ги прифаќаат дополнителните објаснувања на ЕУ и на САД и повторува дека единствен пат за нив за излез од политичката криза се нови избори.

Портпаролката Маја Коцијанчиќ нема одговор на прашањето врз основа на кој дел од Уставот ЕУ го советува Претседателот Иванов да определи нов лидер на кој ќе му го додели мандатот, бидејќи таков дел во уставот нема-велат во најновата реакција ВМРО ДПМНЕ.

Коцијанчиќ само повтори дека е потребен широк консензус и широка коалиција за решавање на престојните предизвици и приоритетните реформи. Госпоѓата Коцијанчиќ веројатно знае дека од 2002 година наваму, во овие речиси 15 години, само од 2011-2014 година, македонската Влада немаше коалиција од двотретинско мнзинство во парламентот. Дури и во тие три години успеваше со дијалог со опозицијата да обезбеди 2/3 за реформските закони особено во судството, и широката поддршка никогаш не беше проблем. Проблемот заради кој не започнаа преговорите со ЕУ, а кој вчера индиректно го спомна е билатералниот спор со Грција. За негово решавање не е потребна широка коалиција во парламентот, туку минимум политичка волја на Грција земјава да се приклучи на ЕУ и пред се поддршка на решението од граѓаните на Македонија на референдум-се вели во соопштението.

Не добивме одговор ниту на прашањето дали за секое формирање влада во Европа, ЕУ бара на прес конференција широка коалиција. Не беше одговорено, затоа што такво нешто не постои. Во земјите во Европа тоа би се толкувало како директно  мешање на ЕУ во внатрешните демократски и политички процеси кога некој однадвор јавно би барал кој со кого да коалицира и како да изгледа коалицијата, широка или тесна.

ВМРО-ДПМНЕ се заблагодарува на советот на ЕУ, но одлуките во Македонија ги носат пратениците во Собранието, избрани од народот. Ние како најголема партија со најмногу партеници сметаме дека најдобро решение се предвремени избори и до крај ке се залагаме за истото-се вели во реакцијата на ВМРО ДПМНЕ на денешниот одговор на портпаролката на ЕК Коцијанчич дека излезот на политичката коалиција е широка коалиција.