ВМРО ДПМНЕ продолжува да бара нови избори

ВМРО-ДПМНЕ ја отфрли Тиранската Платформа и остро се спротивставува на нејзиното реализирање. Таа претставува класична уцена и со неа се поткопува и руши уставниот поредок во Република  Македонија.

 СДСМ во целост ја има прифатено Платформата од Тирана.Тоа беше потврдено и од нивниот пратеник Мухамед Зекири кој јавно пред преставник на ДУИ рече дека СДСМ се согласува со точките од платформата-велат од ВМРО ДПМНЕ.

Граѓаните ја прочитаа ваквата перфидна политика на СДСМ и се чувствуваат измамени. Затоа се секој ден се помасовно и се помасовно излегуваат на улиците во градовите ширум нашата цела татковина Македонија.

СДСМ затоа бега и се плаши од распишување на локални избори. Знаат дека народот жестоко ќе ги казни.

Затоа ВМРО-ДПМНЕ инсистира да се одржат нови предвремени парламентарни избори. Гласот на народот мора да се слушне. Зоран Заев треба пред граѓаните да излезе со Тиранската Платформа која сака да ја реализира, наместо да им ја подметнува пост изборно како кукавичко јајце-бараат од оваа партија.