ВМРО ДПМНЕ сега бара спроведување на попис

,,ВМРО-ДПМНЕ преку Манифестот за единствена Република Македонија втемелен на 4 принципи, повикува на национално обединување на сите граѓани, верски организации, партии и општествени чинители.

Обединување околу националниот интерес, како и зачувување и промоција на националниот, културниот и јазичен идентитет на Македонците и граѓаните на останатите етнички групи во земјата и надвор.

Интеграција во ЕУ и НАТО, како наши стратешки приоритети и цели.

Признавање дека македонскиот јазик е интегративен елемент на сите граѓани во нашето општество без разлика на нивното потекло.

Манифестот предвидува гаранции македонскиот народ да не може да биде надгласан за својот идентитет и верска толеранција.

Како и секоја модерна демократија, Манифестот предвидува целосно владеење на правото и почитување на Уставот и законите на целата територија на Република Македонија.

Спроведување на попис на населението, што е неопходен предуслов за остварување на општ развој на општеството.

ВМРО-ДПМНЕ преку Манифестот предвидува, национално обединување околу целите за подобра економија, повисок раст, повеќе инвестиции, поуспешни претприемачи и ново отворени работни места за нашите граѓани.

ВМРО-ДПМНЕ очекува од СДСМ и сите останати политички чинители, ако и мислат добро на Република Македонија да го прифатат овој Манифест како подадена рака за градење на просперитетна и силна држава.

Со прифаќањето на Манифестот, Република Македонија ќе покаже дека е земја со исправен рбет и заштитник на сите нејзини граѓани.

Само обединети ќе придонесеме Република Македонија да ја изгради својата иднина за доброто на сите нејзини граѓани.“-соопштение на ВМРО ДПМНЕ.