ВМРО ДПМНЕ се заканува: Следува соодветен одговор за обиди за подривање на системот со пари на СОРОС

,,Сега сме сведоци на обид нови 9.5 милиони евра да се делат од касата на СОРОС/СДСМ во Македонија. Секој обид овие средства да се употребат за подривање на нашиот правен и уставен систем ќе наиде на соодветен одговор. Народот ќе се спротистави на хулиганите на СДСМ/СОРОС доколку помислат да го реализираат нивното деструктивно сценарио.”-пишува во најновото соопштение на ВМРО ДПМНЕ посветено на СДСМ/СОРОС како што се наведува.

,,СДСМ/СОРОС беа поразени во Македонија. Народот на демократски избори ја порази нивната политика на насилство, деструкција и кризи. Сорос беше поразен и во САД. Сведоци сме на обидите вандализмот на СОРОС да стане секојдневие во повеќе земји. Тоа веќе не минува. Граѓаните ги прочитаа скапо платените револуционери. Чадорот веќе не може да ги сокрие и заштити.

Организациите кои ги финансира СОРОС за јакнење на некакви си капацитети, всушност се организации преку кои се плаќаат таканаречените револуционери за поттикнување насилства.

СОРОС во Македонија до сега има доделено стотина милиони евра на сателит организациите кои ги раководи. Преку нив се финансираше и платеничката револуција, која ја напаѓаше полицијата и уништуваше се што е изградено.

СДСМ е одработувачот на сценаријата на СОРОС, а тие се негови финансиери.

Хулиганите на СДСМ/СОРОС преку насилните протести во Скопје, кои на ист начин беа финансирани, повредија 50-тина полицајци и предизвикаа штети тешки милиони евра.

Народот својата волја ја искажа на демократски избори. Десороизацијата е неизбежна. Узурпацијата и заложништвото на граѓанскиот сектор и демократијата мора веднаш да прекине.

Аболицираниот криминалец Заев заедно со своите пајташи од СДСМ и хулиганите од СОРОС заминува во историјата. Граѓаните не дозволуваат манипулација и деструкција,,-се вели во соопштението на оваа партија.