ВМРО ДПМНЕ: СЈО е политички инструмент на Зоран Заев и СДСМ

,,Јавноста знае дека Заев е виновен за обидот за „Пуч“ и за организирање на едно злосторничко, шпионско здружение заедно со Зоран Верушевски. Ова злосторничко здружение незаконски следело комуникации и после ги фабрикувало и монтирало материјалите добиени од тоа незаконско прислушкување, само за да му помогне на Заев да сруши една легално избрана власт, и да дојде на власт без поддршка од граѓаните,,-изјави Антонио Милошоски.

Тј вели дека после постапката и аболицијата што Јанева му ја даде на Зоран Заев, јасно е како бел ден за што станува  збор.

Според Милошоски Зоран Заев и Верушевски се до гуша во криминал и тоа документиран криминал и докажан.

И затоа беше неопходно Катица Јанева да ги аболицира и спасува од судска и кривична одговорност. Во спротивно Специјалното јавно обвинителство ќе дозволеше процесот да заврши со судската разрешница, и судот да ги разгледува и да ги цени доказите и врз основа на нив да донесе праведна пресуда. А не обвинителството да биде адвокат  на обвинетите.

Затоа СЈО, ако некој до вчера се сомневаше, од денес треба да знае дека веќе нема никаков професионален ниту институционален легитимитет.

СЈО остана да биде само политички инструмент и продолжена рака на аболицираниот криминалец Зоран Заев-е ставот на ВМРО ДПМНЕ.

 

За ВМРО ДПМНЕ со оваа одлука на Катица Јанева за аболиција на господинот Заев, престанува и главната причина за постоењето на СЈО. Затоа сметаме дека јавноста треба да биде свесна, дека СЈО веќе стана беспредметна институција.-е ставот на оваа партија.