ВМРО ДПМНЕ тврди дека првиот човек на СДСМ во Куманово нападнал граѓанин

Претседател на Општинска Организација на СДСМ Куманово, физички нападна граѓанин кој протестираше во Куманово на протесниот марш на иницијативата „За заедничка Македонија“. Тој со погрдни зборови навредуваше човек кој сака да изрази револт, но истовремено го навреди и целиот македонскиот народ-изјави Драган Петковски.

ВМРО-ДПМНЕ го осудува овој чин на насилство и бара надлежните институции да реагираат и да го санкционираат насилникот. Очекуваме и СДСМ да се одважат и да го осудат својот функционер, со што ќе покажат дека неговите навреди и напади се изолиран чин на поединец, -изјави Петковски.