ВМРО ДПМНЕ: Јанева е продолжена рака на Заев

,,Целта на денешната прес конференција на Катица Јанева беше само една, да ги покрие скандалозните изјави и ветувања на Зоран Заев дадени пред албанската дијаспора во Швајцарија. Катица Јанева без ниту еден доказ, ја погази правната фела и влезе во политичка кампања. Специјалното јавно обвинителство одлучи да се вклучи во изборна кампања уште пред да стартуваат изборните каравани и да се официјализира почетокот,,-е реакцијата од   ВМРО-ДПМНЕ по прес конференцијата на СЈО.

ВМРО ДПМНЕ бара обвинителката  Катица Јанева да објасни како Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, тогашниот директор на УБК, Сашо Мијалков и сите останати функционери на ВМРО-ДПМНЕ беа лицата кои беа најприслушувани.

-,,Таа срамно се обиде да го покрие аболицираниот криминалец Зоран Заев и неговиот пријател Зоран Верушевски. Катица Јанева денеска не ја објасни нивната скајп комуникација за заштита и поддршка од чадорот, ниту скајп комуникацијата дека ќе се лее крв до колена. Впрочем и изјавите на Заев и неговите ветувања дадени на албанската дијаспора се најдобриот доказ за „Пучот“ кој бил подготвуван на Македонија,, се вели во реакцијата на оваа партија.