ВМРО ДПМНЕ ја напушти седницата, а размислуваат и да ја бојкотираат работата на Собранието

,,Со ваквиот договор Македонија самата ја поништува и суспендира меѓународно-правно валидната пресуда која беше во наша корист. Дури и во меѓународниот суд на правдата има повеќе почит и владеење на правото, отколку што тоа го има Собранието на, сѐ уште, Република Македонија.  Со ваквиот договор, Македонија се откажува од напорите и успесите на сите влади кои беа крунисани од 140 земји кои не признале под уставното име. Затоа е јасно зошто владата го злоупотребува европското знаменце. Не сака да има отворена и сериозна расправа. Сакаат што побргу да го изглааат и тоа е доказ дека договорот има фалинки, рече пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски на прес-конференцијата по напуштањето на собраниската сала пред гласањето за Договорот за името за Грција.

Тој најави дека нивната пратеничка група ќе ја напушти работата на Собранието, но не знае дали нема да се појавуваат само на седниците на кои ќе се расправа за договорот со Грција или и на сите останати седници. За тоа, рече Милошоски, дополнително ќе одлучувале партиските органи.

– Република Македонија имала многу претседатели, Киро Глигоров, Борис Трајковски, Бранко Црвенковски… и никој не потпишал ваков договор кој ја доведува државата во потчиената положба. Тоа е најголемото предавство на оваа влада – рече пратеникот, пренесува Плусинфо.