ВМРО ДПМНЕ ќе има и претседател на комисија за избори и именување

Праламентарните партии се договорија претседателот на комисијата за избори и именувања да биде од ВМРО ДПМНЕ и тоа ќе биде Илија Димовски. Ова беше последното барање што го испорача оваа партија за да се откочат процесите во парламентот.

Прифативме претседател да биде член од ВМРО-ДПМНЕ за да се откочат институциите, за да не бидат граѓаните заложници на ниеден политичар и политичка партија, изјави генералниот секретар на СДСМ, Оливер Спасовски.

– Ова е потребно и добро затоа што најмногу штета трпат граѓаните , економијата и државата. Комисијата ќе биде формирана на конститутивната седницата. Денеска ќе доставиме известување за ова до Собранието и некаде в понеделник треба да продолжи конститутивната седница – рече тој.

И покрај тоа што е прифатено и ова барање на ВМРО ДПМНЕ, Спасовски рече дека и понатаму може да се опструира работата на собранието.