ВМРО ДПМНЕ ќе ја спасува и Америка од Сорос

,,Сорос е поим за деструкција на планетарно ниво. Целиот свет го виде вистинското лице на таканареченото отворено општество кое го промовира Сорос. На протестите во Вашингтон беа повредени 7 полициски службеници, а 217 хулигани беа приведени,,-се вели во најновото соопштение на ВМРО ДПМНЕ посветено на Сорос и процесот на десороизација.

Платеници се платеници и во Македонија и Во САД, поентира ВМРО ДПМНЕ и додаваат:

,,На Сорос и неговите платеници не им се важни ниту владеењето на правото, ниту демократијата, а уште помалку волјата на народот.

Дивеењето по улици, нападите врз полицијата, демолирањето и палењето се нивен заштитен знак. Така ги одработуваат дебелите суми бранејќи ги интересите на својот газда.

СДСМ е политичкиот експонент на деструктивната политика на Сорос против волјата на граѓаните и законите во нашата држава.

Бандите на СДСМ/Сорос во Скопје повредија 50-тина полицајци и предизвикаа штети од неколку стотици илјади евра, само за да го заштитат аболицираниот криминалец Зоран Заев и да ги бранат интересите на својот газда замаскирани со наводна промоција на некакво отворено оптшество.

Сорос и СДСМ во Македонија единствено што промовираат е уништување на граѓанскиот сектор, узурпација на медиумите и обиди за насилно доаѓање на власт против волјата на мнозинството граѓани и против сите демократски принципи.

Народот и во САД и во Македонија им кажа што мисли за нив. Доаѓа време на десоросоизација. 

Аболицираниот криминалец Зоран Заев и неговото друштво се поразени и заминуваат во историјата,,- пишува во соопштението на ВМРО ДПМНЕ.