ВМРО за Македонија нуди решение за ГТЦ

Коалицијата ВМРО за Македонија со мобилниот тим денеска повторно престојуваше во Градскиот трговски центар. Состојбата станува критична, вели Марјан Огњановски.

– Во изминативе 24 часа затворени се уште два дуќани кои тука егзистираа повеќе од две децении. Тоа е резултатот на погубните политики во владеењето на семејството на Груевски и на нивниот Амди Бајрам, кој инаку управува со ГТЦ и се дел на платформата на ДПМНЕ за отворање нови работни места. Најмалку дванаесет вработени се сега на улица, нивните семејства без егзистенција, нивните деца без новогодишни подароци. Тоа е така и покрај фактот што сме единствен трговски центар во метропола во кој наемнината е нула денари! Тековните трошоци какви што се сега не оставаат простор за деловно работење и укажуваат на неспособноста во управувањето, рече Огњановски.

Коалицијата ВМРО за Македонија има решение за ГТЦ – со ново управување и нови вработувања, наместо сегашното умирање. Системски, обмислено, сеопфатно, со издржани проекти, ќе го вратиме сјајот на првиот трговски центар во Македонија, а ќе го одбраниме и од срамната „барокизација„ -рече Огњановски.