ВМРО на Каракачанов се финансирала од парите на Македонците за бугарски државјанства

 

Потпретседателот на владата  и министер за одбрана на Бугарија, Красимир Каракачанов и неговата партија ВМРО, се во центарот на скандалот кој вчера избувна со апсењето на организирана група за издавање лажни уверенија за бугарско потекло.

Пратеникот Велизар Енчев, посочи дека сите кадри кои посредувале и барале мито за издавање на документи за наводно бугарско потекло на Македонци кои бараат бугарски пасоши, се од партијата на Каракачанов.

Според Енчев, ВМРО на Каракачанов се финансира од овие пари, земени како мито за обезбедување бугарски документи.

Сѐ погласни се барањата за одговорност и оставка на Каракачанов.

Но, тој утрината во емисија на БТВ, ги отфрли обвинувањата и го обвини и водителот дека е во договор со тие што го напаѓаат и дека не му дава простор да се искаже.

Агенцијата за Бугари во странство од вчера е затворена, а упасен е нејзиниот директор Харалампиев, како глава на организираната група за издавање на бугарски пасоши за Македонци, Молдавци и Украинци, кои ,,ќе докажат“, дека имаат бугарско потекло.