Внукот на поглаварот на ИВЗ пукаше со пиштол при расправија на дивите платформи на Матка

МВР потврди за а1он дека вооружениот инцидент на Матка денеска попладне околу 15 часот го предизвикал Мерван Сулејмани, внук на поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи, кој и самиот е љубител на оружје и сака да се пофали во јавноста со него.

а1он денеска објави видео од инцидентот, доставено до нивната редакција од сведок на овој настан.

Дивите платформи на Матка се под директна заштита на градоначалникот на Сарај, општина надлежна за овој реон.

Тој лани дрско ја лажеше јавноста дека нема законски услови да ги урне и дека тие не се тогаш поставени , туку многу порано, а минатата година само се реновирале.

Беџети порача никој да не му се меша во неговите надлежности.

Кадарот на ДУИ, Блерим Беџети, во владата на Груевски беше дури и министер за правда.

Инаку, барање за легализација на дивите платформи лани до општина Сарај доставиле токму денешните учесници во инцидентот.