Воведен е полициски час за мигрантите во Бихаќ

Поради нарушена безбедносна состојба и барање на жителите на босанскиот град Бихаќ, полицијата на унско-санскиот кантон воведе ограничено движење за мигрантите смесетни во прифатниот центар.

Мигрантите не смеат да го напуштаат прифатилиштето во периодот од 22 до 6 часот наутро.

Ситуацијата е неиздржлива и за граѓаните на овој град и за мигрантите.

Има над 3.500 мигранти, главно од Авганистан и Пакистан, сместени во прифатилиште со помал капацитет и секојдневно пристигнуваат нови.

По воведувањето на оваа безбедносна мерка, голем дел од мигрантите тргнаа кон границата со Хрватаска, која пак е херметички затворена.

,,Само депортација е спас и за нас и за нив. Ова е неиздржливо. Не можам да ги избркам од мојот сопствен двор“ – вели за Алџезира Бајро Грозданиќ, жител на Бихаќ.

Секојдневните тепачки меѓу мигрантите, некои со смртен исход, ги вознемируваат жителите на овој град , кои бараат трајно решавање на проблемот.