Потполковникот во косовската специјална полиција, Ментор Шабани,  е обучуван во кампот ,,Адем Јашари“ во близина на Приштина од страна на американски специјалци, пишува порталот ,,Спутник“.

Тој ја предводеше бруталната и насилна акција на  специјалните косовски единици врз претставниците на српската држава и српската заедница во Косовска Митровица.

Српскиот претседател Александар Вучиќ, косовските специјалци ги нарече ,,банда терористи поддржани од западни сили“.

По упадот во просторијата каде се одржуваше собир на претставниците на косовските Срби со претставници на Влада на Србија, беше уапсен директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Марко Ѓуриќ, а другите присутни насилно беа турнати на земја, клоцини, удирани со врвовите на оружјето и малтретирани.

 

Полиција тзв. Косова поред пута близу Косовске Митровице
Ѓуриќ заврши во болница, повредени се уште триесетина лица, а косовските Срби најавија дека веќе никогаш нема да дозволат такво нешто да се случи во нивните енклави.