Воениот ансамбл ,,Александров” го воодушевуваше светот со настапите(видео)

 

Членовите на рускиот воен ансамбл ,,Александров”, од кои 64 загинаа утрото во падот на воениот авион во Црно море, беа светски познати и барани низ сцените ширум светот.

Ансамблот постои 90 години и покрај патриотски песни, изведува песни за љубовта, пријателство, лојалност, а ушествуваат и во разни театарски претстави.

Во ансамблот може да членуваат само исклучителни уметници, солисти, хористи, музичари, а во својот состав имаше се доесега 146 членови. 64 од нив отидоа кон Сирија да ги развеселат руските војници во воената база, но тоа беше нивниот последен пат без повраток.

,,Александров,, е вброен во редот на Бољшој театар, според квалитет, а според значење Ермитаж.

Следното видео е од еден од последните нивни концерти за Денот на победата во мај 2016 година.

Во 2015 година хористите од Александров одржаа незаборавен концерт во Дом на синдикати во Белград.

Тие пееа на многу светски јазици, па дури и на јапонски и кинески, а во Белград им направија чест на домаќините пеејќи на српски.