Возачот извлечен од кабината во која висеше над реката Морава во Србија

Возачот на камионот кој висеше над реката Морава во Србија, безбедно е извлечен од кабината, без повреди, но е хоспитализиран во најблиската болница заради превентивни прегледи и претрпениот стрес.

Возачот изгубил контрола над камионот заради замрзнатиот автопат , по што ја пробил оградата на мостот над реката Велика Морава, во реонот меѓу Ќуприја и Јагодина.

Тој цели три часа висеше над реката заробен во возачката кабина. Сега ќе се извлекува камионот, но постои опасност тој да се урне во реката.

Еве како изгледаше оваа драматична ситуација: