Возач ја сече Партизанска на пешачки премин обезбеден со лавиринт ограда

Дрскоста на многумина во оваа држава нема ниту граница, ниту мерка.

Овој аздисан возач, регистриран со телефон на граѓанин и објавен на ФБ страницата ,,Ѕид на сообраќајниот срам“, со својот автомобил ја сече Партизанска кај Универзална сала, на најневозможно место.

Секој што живее Во скопје или бил овде, знае дека овој пешачки премин е обезбеден со лавиринт ограда, која е речиси невозможно да се помине со автомобил, заради многубројните пешаци, но и заради самата ограда која е поставена токму против вакви неранимајковци.

Но, во Македонија е сѐ дозволено и сѐ е возможно.

До толку не се почитуваат законите и не се казнуваат непочитувачите на законите, што е просто неверојатно!

Фотографијата е преземена од Ѕид на сообраќајниот срам и Скопска