Воздух со партиски бои или зошто не работи мерната станица кај Ректорат

НП – нема податоци, стои на апликацијата за измерени ПМ честички во воздухот на мерната станица кај Ректорат во Скопје. Овој реон редовно е најзагаден при сите мерења, а пред Нова година, во текот на декември честичките достигнуваа алармантни 860 и повеќе мерни единици на метар кубен.

Благодарејќи на ветерот, во другите општини во Скопје се измерени ,,само” 168 ПМ во Центар, во Карпош 130, во Лисиче 191, во Гази Баба 266 пм на метар кубен, што е значително повисоко од максимално дозволените , но и пониско од вообичаените енормни секојдневни параметри.

Во овој момент во Куманово се измерени 96 ПМ честички.

Но, нејасно е зошто токму денеска нема податоци за состојбата со воздухот кај Ректоратот. Дали некому не одговараат податоците?

Ова може да се постави како логично прашање заради реакцијата на ВМРО ДПМНЕ по соопштението на СДСМ дека ќе преземе мерки за намалување на загадувањето и во прилог на соопштението објави графикони за дневното движење на загаденоста кај најризичната точка Ректорат. И денеска нема податоци токму д ова мерно место.

Досега немаше никаква реакција од надлежните ниту во Скопје, ниту пак на централно ниво за намалување на штетните и отровни честички кои секојдневно ги дишеме. Ниту пак некогаш реагираше партијата на власт ВМРО ДПМНЕ. Реакциите главно пристигнуваа од граѓаните, невладините и од опозицијата.

Затоа ВМРО ДПМНЕ наместо да одговори зошто ништо не презеде 10 години за намалувањето на загадувањето во Скопје и во Битола, го обвини СДСМ за загадениот воздух во Куманово, кој во меѓувреме се расчисти.

,,СДСМ и соросовите платеници од таканаречените невладини организации за овој случај молчат, но нивното лицемерие е гласно. Се покажаа како целосна лага и виртуелни ветувања, проектите за наводна гасификација на Куманово. Владата која што ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ во идниот период ќе ги реализира проектите кои што ги изгласаа граѓаните, а кои ќе придонесат за поздрава животна средина, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ“.

АКО.мк актуелно-објективно