Спасувачките екипи стасаа во планинскиот предел каде се наоѓа хотелот Ригопиано во кој настрадаа повеќе гости по откорнувањето на лавина која го затрупа хотелот. Снимките од воздух покажуваат дека популарниот хотел е целосно под снежна лавина.

Тв екипите влегоа и во хотелот, но она што го забележаа камерите таму е вознемирувачки. Еден дел од хотелот е целосно уништен, а снег,земја и камења се навлезени до половина хотел.

Еден повозрасен господин беше безбедно евакуиран од хотелот.

Ако.мк