Анима Мунди објави видео на локалното здружение од Пехчево , Про-Анима Пехчево , на кое се гледа како сѐ уште живи кучиња со багери се закопуваат во дупки:
,,Бараме најитна истрага и кривична одговорност на сите инволвирани кои стојат зад монстурозноста во Пехчево, масовното , организирано труење низ цел град , невидливо за полициските служби на градот и пред се општинската администрација на чело со градоначалникот Драган Тренчовски !-реагира Анима Мунди. „ Едното куче ми го отруја. Децата сакаа да го погалат, така забележав. Среќа што видов на време, можеа да се затрујат и децата“ изјави Марјанчо Димитров, кој во поморот врз животните во Пехчево, ја загуби својата Лиска. Тој е само еден од многумина кои ги загубиле своите миленици. ,,Одвратни, умоболни слики и снимки денес стигнаа до нас кои без дилема сведочат за масовно и организирано труење на животните во Пехчево. Цел град, животните, но и луѓето, а децата пред сѐ, се изложени на опасност по својот живот од отрови кои сотреа еден куп миленици и животни кои немаат дом“-реагира Анима Мунди. ,,Ажурни се само комуналното претпријатие кое уредно поминува со багери и ги собира мртвите, но и се уште живи животни – бруталност каква што до сега немаме видено, при што живите животни душата си ја испуштаа во челуштите на багерот, фрлани како натрупано ѓубре. Срам ни е што живееме тука, срам ни е што овие слики и снимки допрва ќе ги види целиот свет! Бараме итна полициска истрага, истрага на сите надлежни институции и служби и најстрога казна за организаторите – нарачателите и спроведувачите на овој чин“-реагираат згрозени граѓани на Пехчево. ,,Доколку уште молчи градоначалникот и итно не преземе мерки во соработка со полицијата и АХВ, чинот ќе го сметаме за директна инволвираност и одговорноста кај него ќе ја бараме кај градоначалникот на Пехчево“-реагира Про-анима, здружение за заштита на животни од Пехчево.
Живот за сите, ама не и за кучињата: Драган Тренчовски-градоначалник на Пехчево од СДСМ