Еден од повредените полицајци кај скопската обиколница во тешката сообраќајна несреќа им подлегнал на повредите.

Полицаецот С.Б. починал во болница. Тој беше дел од двочлената сообраќајна полициска патрола која настрада откако камион со огромна брзина влетал во сопрено возило БМВ кое се запали од силината на ударот, а возачот го изгуби животот во пламенот.

Камионот кој удри во двете возила

На социјалните мрежи се појави вознемирувачка снимка на која се гледаат првите моменти по страшната несреќа.

Може да се види дека полициското возило е исфрлено покрај патот, а еден од полицајците лежи во бесвесна состојба.

Исто така, се гледа и возачот на камионот, целиот во крв.

Возилото БМВ, чиј возач трагично настрада по ударот од камионот, беше со гостиварски регистарски таблички.