Воз излета од шините по удар во украден банкомат оставен на шините

Разлетани пари наоколу по ударот на воз во украден банкомат оставен на шините на западот во Германија. Оваа невообичаена случка ги збуни како полицијата, така и машиновозачот. За среќа нема повредени, иако возот кој доаѓал од Холандија по ударот во банкоматот излетал од шините, јавува АП.

Товарниот воз удри во баноматот кој бил оставен од крадците на шините откако не можеле да го отворат и избегале.
Полицајците ги собрале парите и ќе и бидат вратени на банката.

Инцидентот се случил во германскиот град Динслакен.