Вонреден инспекциски надзор на камиони со отпад од Италија на Богородица

По објавените фотографии и информација дека на граничниот премин Богородица од Грција се влезени камиони со отпад за печките во ,,Цементарница’, Државниот инспекторат испрати екипи за вонреден надзор.

,,Се информира јавноста дека во моментов Државниот инспекторат за животна средина во координација со Министерството за животна средина и просторно планирање и Царинската Управа, врши вонреден инспекциски надзор над пратка со отпад (РДФ) запрена на граничниот премин Богородица помеѓу Република Северна Македонија и Грција.

По извршениот увид на документацијата и анализа на земените примероци од страна инспекторите и царинските служби, резултатите ќе бидат споделени со јавноста“-стои во кусото соопштение.

Фотографиите и информацијата вчера на својот ФБ профил ги објави новинарот Зоран Божиновски..