Вонредна испекција утврди нерегуларности во кругот на поранешната фабрика ,,Железара“

Овластените инспектори за животна средина од Град Скопје извршија вонреден инспекциски надзор над правни субјекти кои подлежат на Б-интегрирана еколошка дозвола и елаборати за заштита на животната средина кои се под надлежност на Инспекторатот на град Скопје, а воедно направија и обиколка во кругот на поранешната фабрика Железара на 16.08.2018 во период на предпладневните и ноќните часови при што се увидоа одредени нерегуларности и веднаш беше исконтактирано со инспектори од ДИЖС бидејќи постапувањето и ингеренциите се во надлежноста на Државниот инспекторат за животна средина односно инсталации со А ИСКЗ.

Вондредните инспекциски надзори продолжуваат во наредниот период на целата територија на град Скопје. Апел до граѓаните сите нерегуларности да ги пријавуваат до Инспекторатот на град Скопје, се вели во соопштенеието.