Вооружена кражба на Панини сликички во Аргентина

 Вооружени лица од Аргентина украле десетици илјади Панини сликички од претстојното Светско фудбалско првенство во Русија, соопшти полицијата.
Петемина мажи упаднале во печатницата Мунро во предградие на Буенос Аирес, и заканувајќи се со оружје ги натерале вработените да внесат десетици кутии со сликички во нивниот камион.
Секоја кутија содржела по илјада ќесички со по пет слики од фудбалерите од репрезентациите учеснички на натпреварувањето.