Војна меѓу српската и бугарската мафија во Јужноафриканската Република(видео)

Пред неколку дена во една луксузна населба во близина на главниот град на Јужноафриканската Република, Јоханесбург, е убиен Србинот Иван Ѓорѓевиќ(59) со прекар Жолтко.

Според српскиот портал ,,Курир“, истрагата на полицијата води до бугарската мафија, која заедно со српската го држат пазарот на наркотици во Јоханесбург.

Безбедносните камери го регистрирале убиството на Ѓорѓевиќ, кој пред две години преживеал еден обид за атентат.

Како што пишуваат медиумите во Јужноафриканската Република, тој бил на мета на бугарската мафија затоа што пред неколку години го убил главниот бугарски нарко бос, во знак на одмазда поради преземање на дел од пазарот за дрога, а притоа настрадала и неговата сопруга и домашниот миленик.

Инаку, Ѓорѓевиќ бил цел на спротивниот клан затоа што негов најблизок соработник украл 20 килограми дрога од бугарската мафија.

Во последната година во Јужноафриканската Република се убиени најмалку четворица Срби поврзани со криминалното подземје, и уште најмалку толку се ранети.

Извор: светски агенции,српски портали